Во Косово вчера регистрирани 15 починати, 775 заболени и 553 излекувани од Ковид-19

Ковид амбуланта во Косово
Ковид амбуланта во Косово. / Фото: Архива на Слободен печат

Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 963 од појавата на болестаоткако минатото деноноќие починаа 15 од пациентите заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 775 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се искачи на 37.028. Од нив, вклучително вчерашните 553 излекувани, болеста досега ја совладале 22.690 лица.

Официјално, согласно официјалните податоци, во земјата моментно има 13.375 носители на заразата.

Вчера се извршени 1.903, а вкупно досега 137.872 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот