Во Косово нови 34 случаи на Ковид-19

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 34 случаи, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на носители на новиот вирус во Косово се искачи на 703.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, вчера во Косово се евидентирани и три случаи на лица кои, согласно методите пропишани од Светската здравствена организација, по тестирањата два дена едноподруго резултираа излекувани од заразната болест, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста се зголеми на 162.

Најголемиот број новозаразени, вкупно 15, се од општина Гњилане, шестмина од Призрен, пет од Урошевац, по двајца од Ораховац и Драгаш и по еден од општините Приштина, Србица, Малишево и Звечане.

Според синоќешното соопштение на ИШПК, вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 263 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 5.890.

Во петокот не е забележана ниедна нова жртва на Ковид-19, така што бројката на починати од заразата во Косово останува 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот