Во Косово нови 19 случаи со коронавирус, вкупно 184 заразени

 Во текот на вчерашниот ден во Косово се регистрирани шест случаи на излекувани од новиот коронавирус, како и нови 19 носители на вирусот, со што  официјалната бројка на заразени од Ковид-19 во земјата достигна до 184, објави Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК).

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во вторникот во лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК се тестирани примероците на 259 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 2.352.

Најмногу од случаите кои вчера резултираа позитивни на новиот вирус, вкупно осуммина, се од општина Вучитрн, по тројца се од Малишево и Приштина и по еден од Урошевац, Гњилане. Ѓаковица, Клина и Каменица. Сите новозаразени се случаи на контакти со лица кај кои претходно било утврдено присуството на Ковид-19.

Oд појавата на првите заразени, на 13 март, досега како излекувани од коронавирусот се потврдени 30 лица, а во истиот период се забележани и пет смртни случаи. Сите починати, според ИШПК, страдале и од други тешки болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот