Во Косово има 186 новозаразени и две нови жртви од коронавирусот

Бројката на жртви на пандемијата на ковид-19 во Косово се искачи на 663, откако двајца пациенти кај кои бил откриен коронавирусот починаа во последните 24 часа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 186 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 17.943.

Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека болеста, вклучително вчерашните 54 излекувани, досега ја совладале вкупно 15.088 лица.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 2.192 активни носители на вирусот.

Последната недела речиси двојно е зголемен бројот на испитаници според методот РТ-ПЦР во лабораториите на ИКШПК низ земјата и тој секојдневно се движи околу илјада. Така, минатото деноноќие се извршени 1.049 тестирања, со што бројката на тестирани лица за кои постоело сомневање дека се заболени од ковид-19 од почетокот на епидемијата достигна до 87.147. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот