Во Косово 14 починати лица починаа, а 639 се новозаболени од ковид-19

Бројот на жртви на пандемијата на ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 989 од појавата на болеста, откако изминатото деноноќие починаа 14 пациенти заразени од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, изминатите 24 часа се регистрирани 639 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се искачи на 38.431. Од нив, вклучително вчерашните 480 излекувани, болеста досега ја совладале 23.754 лица.

Официјално, согласно последните податоци, во земјата моментно има 13.668 носители на заразата.

Вчера се извршени 1.565, а вкупно досега 141.264 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот