Во кои ситуации сексот може да претставува најдобар лек?

Сексот со партнерот може да биде добра терапија и потполно да ви го поправи расположението, а во продолжение прочитајте во кои животни ситуации сексолозите го сметаат сексуалниот однос за најдобар лек.

Кога не можете да заспиете

Сексот ќе ви помогне да заспиете подобро и да имате мирен сон.

Кога се обидувате да се смирите со партнерот

Дури и кога вашиот партнер ќе ви се извини, а уште сте му лути, подобро предложете секс за да ви се извини на вистинскиот начин.

Кога поминувате низ стресен период на работа

Кога имате многу работа и поминувате низ стресен период, одвојте малку време за партнерот кој ќе ви направи да се чувствувате убаво и среќно.

Кога немате време за тренинг

Добро познато е дека со сексот се согоруваат околу 200-300 калории.

Кога ги одолговлекувате обврските

Никако не можете да започнете со чистење, да ја довршите работата којашто ја донесовте дома…По сексот, ќе добиете мотивација за да ги довршите сите обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот