Во Кочани нови кривични пријави за непочитување на самоизолацијата

фото: aрхива

Во моментот обврска за самоизолација имаат 145 лица од Кочани и повеќето се придржуваат кон мерката.

Уште три лица од Кочани заработија кривични пријави за непочитување на законските одредби за домашна изолација, а уште за деветмина се доработуваат доказните материјали, по што и за нив ќе следи истата постапка.

Во моментот обврска за самоизолација имаат 145 лица од Кочани и повеќето се придржуваат кон мерката, но за 14 од нив се очекува да бидат оформени и доставени пријави до Основното јавното обвинителство.

– Полициските службеници кои биле во контрола на домовите не ги нашле лицата кои дошле од државите со висок и средно висок ризик, поради што имале обврска да останат во домашна самоизолација. За сите нив е побарана документација од граничните премини на кои поминале и по соодветната доработка на предмети ќе се постапи соодветно на законските одредби од Кривичниот законик, информираа од Кризниот штаб на Општина Кочани.

Претходно од кочанската полициска станица беа поднесени кривични пријави за две лица за непочитување на мерката самоизолација и тие се соочуваат со парична казна од 2.000 евра во денарска противвредност.

Од општинскиот Кризен штаб упатија апел до сите граѓани кои ќе се вратат во татковината да ги почитуваат законските прописи, затоа што полициски службеници по неколкупати дневно ќе прават проверки во нивните домови.т

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот