Промоцијата ќе се одржи на 6 ноември, во 19 часот

Во книжевниот центар „Антолог“ ќе се одржи промоција на книгата „Договорот“ на Јордан Коцевски

Животот е составен од избори. Некои носат радост, други водат кон бездна. Кога Борче ќе ја запознае Тања на интернет, верува дека конечно ја нашол сродната душа. Тоа ќе го одведе на работ помеѓу љубовта и предавството, надежта и очајот.

Една лага може да ти го одземе животот. Еден „договор“ може да ја промени вечноста. Со овие зборови накратко се допира темата во најновата книга од авторот Јордан Коцевски, со наслов „Договорот“.

Промоцијата на книгата ќе се одржи на 6 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Антолог“ (Центар) во Скопје. Промотор на книгата ќе биде Александар Маџаровски. Книгата е објавена со финансиска поддршка од Општина Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот