Во Клуж тешко ја поднесоа елиминацијата од Звезда: Тренерот се степа со играчите, а газдата делеше откази

Тренерот Шумудика експресно доби отказ до елиминацијата/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DELLA VALLE

Екипата на Црвена звезда обезбеди пласман во групната фаза во Лигата на Европа откако во плеј-офот го елиминира Клуж со вкупен резултат 6:1.

На романскиот тим тешко му падна елиминацијата од Црвена звезда и по завршување на натпреварот дојде до тепачка во соблекувалната на Клуж. Станува збор за еден фудбалер и еден тренер на романскиот тим.

Но, тоа не е се, амбициозниот сопственик на Клуж, одлучи да го отпушти комплетниот стручен штаб на чело со тренерот, а не беше поштеден ниту претседателот на тимот.

На местото на Мариус Шумудика, нов тренер ќе биде Дан Петреску, додека претседателот доби отказ бидејќи на поголем дел од фудбалерите им вметнал бонуси во договорите без тој да знае.

Видео на денот