Во Клиничкиот центар починал повреден работник, телото е предадено на обдукција

Полиција/ фото: МВР

На 06.05.2021 во 18.56 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 18.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Х.Х.(57) од Скопје, кој во 18.30 часот починал.

Полициски службеници од Полициската станица Чаир извршиле разговор со Т.М.(24) од Горно Свиларе, кој заедно со Х.Х. бил донесен во болницата со тешки телесни повреди.

Тој изјавил дека околу 17.30 часот, додека извршувале работни задачи во приватна фирма, тој и Х.Х. се здобиле со повреди. За настанот биле известени Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот