Во Кинотеката почнува Недела на франкофонски филм

Франкофонски филмови ќе бидат прикажани од 23 до 28 март

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Романија и Романскиот културен институт, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Белгија во Софија и Валони-Брисел Интернационал, Амбасадата на Луксембург и Кинотеката на Северна Македонија, во рамките на Месецот на Франкофонијата, организираат Недела на франкофонски филм во Кинотеката на Северна Македонија.

Неделата на франкофонски филм почнува на 23 март (четврток), во 20 часот, со прикажувањето на романскиот филм „Радио Метроном“. Манифестацијата свечено ќе ја отвори Н.Е г-ѓа Моника Аксинте, Амбасадорка на Романија.

Во романскиот филм „Радио Метроном“ на Александру Белк (2022, 1.42’), во главните улоги играат Мара Бугарин и Себан Лазаровици. Дејството се случува во Букурешт, во 1972 година. Ана има 17 години и мечтае за љубов и слобода. Една вечер ќе замине на забава со пријателите, каде ќе одлучат да напишат писмо до „Метроном“, музичка емисија која преку „Радио Слободна Европа“ е нелегално да се емитува во Романија. Токму тогаш пристигнува тајната полиција на Чаушеску. Проекцијата е организирана од Амбасадата на Романија и Романскиот културен институт.

Неделата на франкофонски филм ќе трае до 28 март и ќе бидат прикажани уште четири филмови. На 24 март на програмата е швајцарскиот филм „Последниот танц“ на Делфин Лерисе (2022, 1.24’), со Франсоа Берлеан и Касеј Моте Клајн.

Белгискиот филм „Последното искушение на Белгијците“ на Жак Бикоа (2021, 1.16’), со Алис Дитоа, Вим Вилер и Алекс Визорек ќе биде прикажан на 25 март.

Во понеделник, 27 март, на програмата е францускиот документарен филм „Деца на татковината“ на Тјери Демезјер и Албан Терле (2022, 1.50’), со Елса ле Петрек, Тјери Демезјер и други.

Програмата ќе заврши на 28 март со луксембуршкиот анимиран филм „Неверојатната приказна на Фрици“ на Раиф Кукула и Матијас Брин. Сите проекции се одржуваат во Кинотеката на Северна Македонија, со почеток во 20 часот. Сите филмови се со превод на македонски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот