Во Кина околу милион луѓе примија експериментална вакцина

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

 Речиси еден милион луѓе досега ја примиле експерименталната вакцина што ја развива кинеската фармацевтска компанија „Синофарм” во рамки на итната програма одобрена од кинеската Влада. Досега не се регистрирани никакви негативни ефекти меѓу примателите на вакцината, соопшти раководството на компанијата.

Директорот на „Синофарм”, Лиу Џинџен потврди дека се вакцинирани речиси милион луѓе – градежни работници, дипломати и студенти и дека никој нема посериозна негативна реакција на вакцината, објави Си-Ен-Ен.

Тој рече дека само на 6 ноември вакцината ја примиле дури 56.000 луѓе, кои потоа патувале во странство.

Лиу исто така потврди дека „Синофарм” спроведе клинички испитувања во трета фаза со вклучени речиси 60.000 луѓе од 10 земји, меѓу кои ОАЕ, Бахреин, Египет, Јордан, Перу и Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот