Во Кина најголем број на новозаразени со Ковид-19 од средината на април

Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Досега со Ковид-19 во Кина се инфицирале 83.132 луѓе, од кои 4.634 починале.

Во Кина потврдени се 57 случаи на Ковид-19, од кои 36 во Пекинг, соопшти денеска кинеската Национална здравствена комисија.

Тоа е најголем број на новозаболени од средината на април.

Во Пекинг вчера беше затворен пазар за храна и беа ставени во карантин 11 квартови околу пазарот, откако над 50 луѓе беа попзитивни на новиот коронавирус.  Новозаболените го посетиле пазарот , што се наоѓа во југоисточниот дел на Пекинг.

Во Кина досега со Ковид-19 се инфицирале 83.132 луѓе, од кои 4.634 починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот