Во Киев се одржува прв неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска ги покани министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ на состанок во Киев. Тоа ќе биде прва таква средба што ќе се одржи надвор од ЕУ.

– Денеска ги повикувам министрите за надворешни работи на ЕУ во Киев, на првиот состанок на сите 27 земји членки надвор од ЕУ. Иднината на Украина е во ЕУ, напиша Борел на Икс.

Тој претходно истакна дека од средбата не треба да се очекуваат одлуки, бидејќи се работи за неформална средба, а неформалните средби најчесто се посветени на подлабоки политички дискусии, а не на носење конкретни одлуки.

Запрашан дали на состанокот ќе биде донесена одлука за доделување помош од 20 милијарди евра за Украина, тој наведе дека одлуката ќе биде донесена, но не прецизираше кога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот