Во Кичевско падна првиот снег годинава

Попладнево во Кичевско падна првиот снег годинава, но засега не создава проблеми во одвивањето на сообраќајот во градското подрачје и во повисоките рурални средини.

На сите планини со надморска височина над 600 метри има снежна покривка од неколку сантиметри.

– Врнежите од снег ќе помогнат да се намали опасноста од пожари кои ги имавме претходните неколку дена во регионот на Кичево со што очекуваме повеќе да не се соочуваме со нови пожари- изјави Емин Насуфи од општина Кичево.

Насуфи вели и дека сите патни правци во кичевскиот регион се проодни, сите компании кои се задолжени за чистење на снегот се подготвени да реагираат ако има потреба во секој момент, барем за улиците за кои е задолжена општината за чистење од снежни врнежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот