Во Кичево заради неносење маска издадени 23 прекршочни платни налози

Во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале  23 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид – 19,информира портпаролот Стефан Димоски.

Тој додаде дека на подрачјето на ОВР Кичево, моментно во изолација се 33 лице, а во самоизолација се регистрирани 17 лица.

Воедно, полициските службеници самостојно или во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 34  контроли врз угостителски и други објекти, додаде Димоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот