Во Кичево уапсен дилер на хероин

Фото: Фејсбук

Против дилерот полицијата најави дека ќе поднесена соодветна пријава.

Полицијата во Кичево вчера во 21.40 часот, при преглед во патнички автомобил „опел астра”, извршен на улицата „Братство Единство” во Кичево, пронајде и одзеде кесе со хероин.

Приведен е возачот на автомобилот Б.С. (42), од Кичево, против кого ќе биде поднесена соодветна пријава информира портпаролот Стефан Димоски.

Истиот ден, околу 19 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на верски објект на булеварот „Ослободување”, пронајдоа засадено растение канабис сатива.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, објасни Димоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот