Во Кичево шест лица не го почитувале полицискиот час, тие се приведени

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Полициските службеници извршија 83 контроли на лицата кои се во изолација, едно лице е во Кичево и 347 контроли на лица со изјави за самоизолација, во Кичево се 53 лица.

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид, каде спаѓа и општина Кичево е стабилна.

-Изминатово деноноќие, во периодот од седум часот вчера утрото до седум часот денеска, шест лица од Кичево не ја почитувале забраната за движење воведена поради коронавирусот . Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветни поднесоци , информира портпаролот Стефан Димоски, кој додаде дека нема регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби и други казнени дела и не се регистрирани сообраќајни незгоди.

Димиски информира дека непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.

-Регистрирани се 16 нови лица со решенија за изолација, од кои пет се од Кичево. Полициските службеници извршија 83 контроли на лицата кои се во изолација, едно лице е во Кичево и 347 контроли на лица со изјави за самоизолација, во Кичево се 53 лица. Извршени се вкупно 149 контроли на угостителски објекти, информира Димоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот