Во Кичево приведени четворица млади по меѓусебна физичка пресметка

Кичевчани на првиот ден од неделава во центарот на градот меѓусебно физички се пресметувале, а по реакција на полициски службеник со предупредувачки истрел од пиштол  во воздух тие престанали и биле приведени.

Како што информира пртпаролот на охридската полиција Стефан Димоски, во полициската станица во Кичево, приведени се А.И.(22),Ф.Ч.(23),Ф.К.(18),А.К.(22), сите од Кичево. Тие на 8 јуни во 21:40 часот, на крстосницата на булеварот „Ослободување” со улицата „Рудничка” во Кичево, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

-Со цел да го спречи натамошниот тек на нарушувањето, реагирал полициски службеник-припадник на криминалистичката полиција кој, во моментот не бил на должност, тој ја покажал службената легитимација и издал усна наредба кон учесниците да престанат со тепачката. Во моментот, еден од нив, извадил остар предмет со намера да го употреби, по што, полицискиот службеник, од службениот пиштол, во воздух испукал еден предупредувачки истрел. Веднаш потоа, престанала тепачката, а учесниците се лишени од слобода, објасни Димоски.

Против нив, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот