Во Кичево преполовен прометот на угостителите, дел од вработените на привремен одмор

Угостителски објект фото МИА

Новите мерки на Владата за заштита од Ковид – 19 и задолжителниот сертификат како доказ дека гостите се вакцинирани со барем една доза вакцина придонесе угостителските објекти во Кичево да го преполоват прометот, а дел да заминат на привремен одмор.

-Со стапувањето во сила на новите мерки на Владата е неопходно гостите во локалот на влез да покажат сертификат дека се барем еднаш вакцинирани против овој вирус или прележале ковид пред најмногу 45 дена.Бидејќи во нашите локали поголемиот број на гости се помлади лица, познато беше од порано  дека повеќето од нив се немаат вакцинирано против ковид 19 , што ги оневозможува да бидат наши гости. Затоа од стапувањеето во сила на новите мерки прометот е намален за 50- 60 отсто, велат вработени во повеќе локали во градот.

Бидејќи поголемиот број на гостите во локалите се помлади лица под 40 години, дел угостителски објекти ја  искористија можноста  во наредните три недели да заминат на колективен одмор  по враќањето од одмор очекуваат поголемиот број млади да бидат вакцинирани и да се стекнат со неопходниот сетификат.

-Деновиве имаме голем број на помлади лица кои сакаат да се вакцинираат против Ковид 19.Бидејќи дневно вакцинираме од 300 до 400 претежно помлали пациенти , очекуваме во  наредните три седмици да бидат вакцинирани над 4000 наши сограѓани претежно под 40 годишна возраст, вели Мира Мососка од Здравствениот дом во Кичево.

По зголемениот обем на вакцинација на помладите, тие ќе бидат во можност да го добијат задолжителниот сертификат за вакцинација и без проблеми да бидат гости во некој од угостителските објекти. 

Извот: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот