Во Кичево опожарено патничко моторно возило

Противпожарно возило / Фото: МИА

Рано изутрина во 0:50 часот на улицата „Драге Карбуничанец” во Кичево, опожарено е возило  марка „фолксваген пасат” со странски регистарски ознаки. Од пожарот, предизвикан од непознати причини, нема повредени лица.

-Рано изутрина во  00.50 часот на улица „Драге Карбучанец” опожарено е патничко моторно возило со странски регистарски ознаки. Во време на пожарот возилото било празно и нема повредени лица. Со интервенција на  екипа од ТППЕ Кичево пожарот е изгаснат и спречено е негово натамошно ширење, информира Горан Соколески, командир на Територијалната противпожарна единица од Кичево.

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот