Во Кичево нема новозаразени, двајца оздравени и едно лице ја загуби битката со коронавирусот

Вкупниот број заразени со Ковид-19 во оваа општина остана на 122, од кои 92 се активни,  24 се излекувани и шест лица се починати.

Денеска во Кичево нема нови лица заразени со Ковид-19. Според податоците од Министерството за здравство има две лица кои ја добиле битката и едно лице кое  ја загуби битката со коронaвирусот.

Вкупниот број заразени со Ковид-19 во оваа општина остана на 122, од кои 92 се активни,  24 се излекувани и шест лица се починати.

-Денеска кај нас не се забележани новозаболени лица , двајца за среќа успеале да ја добијат битката со вирусот и едно лице за жал на возраст од 52 години ја загуби битката со вирусот , рече Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево .

Тоој упати уште еднаш апел до сите граѓаните да ги почитуваат препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот