Во Кичево, Македонски Брод и Пласница заврши гласањето, гласаа вкупно 620 лица

Во општините Кичево, Македонски Брод и Пласница денеска правото на глас го остварија вкупно 620 лица. Гласаа изнемоштени и болни лица.

Гласањето почна навреме во седум часот и се одвивааше без потешкотии, немаше никакви забелешки за текот на гласањето, информираат од сите три општински изборни комисии .

Во Кичево денеска правото на гласаат го остварија 432 лица болни и изнемоштени, 13 одбиле да гласаат, додека пак во Македонски Брод оваа право денеска го искористија 125 лица,а  пет одбиле да гласаат. И во општина Пласница од оваа категорија на луѓе правото на глас денеска го остварија 63 лица, едно лице починало во меѓувреме, а двајца одбиле да гласаат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот