Во Кичево ќе се субвенционираат 800 семејства за замена на огревно дрво со инвертор

АД Електрани на Северна Македонија целосно ќе субвенционира вградување на инвертор клима системи за загревање на домаќинствата како супституција на огревното дрво, но не повеќе од 60.000 денари, најави денеска градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари, кој рече дека Владата, односно Министерството за животна средина како носител на проектот наиде на одлично разбирање од страна на АД ЕСМ.

– АД ЕСМ како профитабилна компанија доби обврска од Владата дел од средствата што ги има од минатата година како капитална добивка да ги вратиме од граѓаните кај граѓаните, рече Дехари и додаде дека ќе се субенционира во делот на инверторите и замената на нееколошките традиционални системи за греење, односно дрвата кои треба да се исклучат од семејствата, а за сметка на тоа да добијат целосно субвенционирање на инвертор клими кои ќе го намалат загадувањето и ќе го подобрат амбиенталниот воздух во државата.

Прочитајте и...  Извршни директори во индустријата за здравствена заштита во САД со плати повисоки од самите истражување за заразни болести

Мерката, како што информира Дехари, ќе почне да се спроведува како пилот проект во четири града и тоа: Битола и Кичево како градови во кои има термоелектрани, Скопје како главен град и Тетово како еден од најзагадените во земјава.

– Во Кичево од оваа мерка ќе имаат придобивка 800 семејства, а приоритет ќе имаат оние со најниски примања, рече Дехари.

Тој посочи дека ќе определат лица за контакт и дополнителни информации во самата општина, кои ќе бидат на некој начин логистика.

Овој еколошки проект има за цел во наредните три години целосно да биде елеминирано користењето на печките на тврди и фосилни горива и е уште еден факт дека Владата сериозно се занимава со овој голем проблем. 

Прочитајте и...  Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Прочитај повеќе

Нагло скокна бројот на новозаразени лица со ковид -19 во Србија

Слободен печат

Извршни директори во индустријата за здравствена заштита во САД со плати повисоки од самите истражување за заразни болести

Слободен печат

Јанушев: Короната од Скопје Заев и СДСМ вчера ја испратија да прошета низ цела Македонија (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонските аеродроми загубија половина милион патници

Слободен печат

Илир Мета: Соживотот меѓу Албанците и Србите е во интерес на мирот, стабилноста и европската перспектива на регионот

Слободен печат

Ердоган го послуша народот- нема полициски час за време на викендот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Жителите на „Жданец” и „Трнодол” вечерва без вода

Слободен печат

Министерство за здравство демантира дека Филипче прикрил 20- тина случаи со ковид-19

Слободен печат

Кандидатите за ректор на УКИМ бараат да прекине постапката за избор на ректор

Слободен печат

Велика Британија е втора земја во светот со повеќе од 40 илјади смртни случаи од Ковид-19

Слободен печат

Во Италија се зголемува бројот на новозаразени со ковид-19

Слободен печат

Обраќање на Николовски: Сите имаме мајки, роднини и блиски кои може да го загубат животот од овој вирус

Слободен печат