Во Кичево е регистриран првиот случај на заразен од Ковид-19

До денеска се тестирани вкупно 43 лица и 63 вработени кои беа вклучени во скринингот во градинката.

Во Кичево е регистриран првиот случај на заразен од Ковид-19. Тој е во стабилна здраствена состојба и се наоѓа на домашно лекување. Уште осум лица се сместени во самоизолација, информира градоначалникот Фатмир Дехари на денешната седница на Советот на општината.

Во дебатата за состојбата со пандемијата на локално ниво, Дехари кажа дека се преземени сите потребни мерки за заштита од коронавирусот, но за жал потврден е првиот случај во општината.

До денеска се тестирани вкупно 43 лица и 63 вработени кои беа вклучени во скринингот во градинката.

Дехари најави дека првиот регистриран случај уште повеќе ќе ја зголеми претпазливоста и покрај  ублажување на мерките од страна на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот