Во Карпош се спроведе есенска акција за чистење

фото: Фејсбук

Во општина Карпош се спроведува голема есенска акција за чистење. Комуналните служби на Општината и ЈП „Комунална хигиена” – Скопје со својата механизација чистат во повеќе населби, а особено е ставен акцент на миење на главните и сервисни улици со цистерни.

Како што соопшти Општина Карпош, акцијата почна од платото во Карпош 3, кај фонтана.

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев информира дека се во процес на набавка на две цистерни за миење на улици, еден кипер со плуг за чистење на снег и распрскувач на сол и еден рачен вшмукувач за лисја и поситен комунален отпад.

– Десетина наши вработени по урбаните заедници се во процес на добивање овластување за да бидат редари. Тоа значи да вршат редовни контроли на терен, да казнуваат за неправилно фрлање на отпад, како на физички лица, така и на правни субјекти. Апелирам на зголемена свест и грижа за околината, затоа што инспекциските контроли се интензивираат. Сите носиме одговорност за здрава и чиста животна средина, изјави Богоев.

Помошник – директорот на „Комунална хигиена”, Кемал Муслиу напомена дека јавното претпријатие ќе продолжи да им помага на општините во секојдневното справување со нечистотијата и затворањето диви депонии. Тој ја поздрави иницијатива на Општината за зголемени контроли на терен и санкција на загадувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот