Во Карпош ќе има зонско паркирање од Рузвелтова до булевар Осми Септември

Фото: Слободен печат

Не само во населбите Карпош 1 и Карпош 2, туку на целиот потег од улицата Франклин Рузвелт до булевар Осми Септември ќе се воведе зонско паркирање, односно во делот од Карпош што граничи со Центар. Општина Карпош веќе нарачала проект за регулирање на сообраќајот во мирување за потегот од Министерство за економија до „Салон 29“, а со зонско паркирање ќе биде опфатен и целиот простор кај Млечен и кај „Веро“ во Тафталиџе.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски во неодамнешната комуникација во живо на „Фејсбук“ објасни дека ова се прави за да се заштитат граѓаните кои живеат во Карпош од оние што живеат во Центар, а своето второ и трето возило го паркираат преку улицата Рузвелтова, во соседната општина.

 Дури имаме случаи и на луѓе што продаваат возила и ги оставаат тука, па од тука ги продаваат. На ваков начин ќе се решиме и од хаварисаните возила. Ова не значи дека се откажуваме од изградба на катни гаражи, но додека ги работиме проектите, додека обезбедуваме средства, сметаме дека најбрз начин да ги решиме проблемите е да воведеме зонско – рече Јакимовски.

Гужвата по паркинзите ќе се решава со воведување зонско во Стар Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот