Во Карпош и во Ѓорче Петров нема да се кити за Нова година

Новогодишното украсување во Скопје Нова година
Новогодишното украсување во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во Општините Карпош и Ѓорче Петров нема да се китат јавните површини пред претстојните новогодишни и божиќни празници.

Како што информираат од Општина Карпош, годинава немаат распишано тендер за украсување на јавни површини.

И Од Општина Ѓорче Петров велат дека, согласно одлуката на Владата за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор годинава нема да склучат договор за новогодишно украсување

Во однос на новогодишното украсување на територијата на општината, имајќи ја предвид енергетската криза која е во тек и повисоките цени за набавка на електрична енергија, како и во согласност со одлуката на владата за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, годинава нема да склучиме договор за новогодишно украсување. Ненаменското трошење на парите на граѓаните заврши, со оглед и на состојбата со буџетот и задолжувањата кои ни ги остави претходниот градоначалник. Имено, овие средства кои претходно се трошеле за вакви намени ќе останат во буџетот за поприоритетни потреби на граѓаните на Ѓорче Петров – информираат од Одделението за односи со јавност на Општина Ѓорче Петров.

Колку за потсетување, неодамна и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје, а причината за тоа е енергетска криза.  Сепак, и покрај тоа што Градот го прекина договорат за новогодишно украсување на Скопје, тежок речиси 250 илјади евра, сепак се планира скромно одбележување на празниците.

Скопјани нема да бидат тажни ниту оштетени за Нова година. Ќе се организира скромно одбележување, кое нема да чини толку пари. Во услови на енергетска криза во која не се знае дали ќе има улично осветлување, не може да се зборува за новогодишно украсување – подвлече градоначалничката Арсовска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот