Во Канада вакцината на „Џонсон и Џонсон“ ќе се аплицира на лица над 30 години

Џонсон и Џонсон вакцина/ Фото: ЕПА

Научниот комитет, што ја советува канадската Влада за вакцини против коронавирусот, препорача вакцината на „Џонсон и Џонсон“ да се користи кај лица над 30 години.

Таа одлука дојде кратко време откако Данска објави дека целосно се откажува од овој производ поради можни сериозни несакани ефекти, и покрај зелено светло од СЗО и европскиот регулатор.

Во април, регулаторот на САД ја прекина употребата на оваа вакцина по ретки случаи на тромбоза. Франција одлучи да го примени на лица над 55 години слично како и за „Астра-Зенека“.

Каролин Каш, раководител на канадскиот научен комитет, рече дека со оглед на сегашните податоци, се препорачува вакцината „Џонсон и Џонсон“, како и вакцината „Астра-Зенека“, да се дава на лица на возраст од 30 години и повеќе.

За време на клиничките испитувања, вакцината „Џонсон и Џонсон“ покажала ефикасност од 67 проценти, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот