Во Канада со дрон пренесени бели дробови, трансплантирани на 60-годишен пациент

Трансплантација на орган/ Фото: Твитер

Канадскиот хирург, др. Шаф Кешавџи на крајот на септември,„постигна нешто што никој досега не го направил“ – транспортирал  бели дробови со дрон меѓу две болници во центарот на Торонто, само неколку минути пред трансплантација на орган на 60-годишен пациент, пишува Индекс.хр.

Работевме на тоа две години

Докажавме, а тоа е многу важно, дека вакво нешто може да се реализира, изјави д-р Кешавџи, кој работеше на овој потфат цели две години со членовите на техничкиот тим за летот со дронот да се одвива непречено.

Тој опиша дека во сред ноќ, за нешто помалку од 10 минути, дронот прелетал 1,2 километри над канадската метропола, носејќи ги белите дробови за трансплантација. Полета од покривот на западната болница во Торонто и слета на покривот на Општата болница во Торонто.

Белите дробови потоа биле успешно трансплантирани на пациент во неговите шеесетти години кој боледувал од белодробна фиброза.

Транспортот на органи со беспилотно летало се реализираше во посебен резервоар за ладење „кој ги одржува топлинските параметри на органите“.

„Ваквите случувања имаат огромен потенцијал“

„Мислам дека технологијата на дронови има огромен потенцијал и може да стане стандард во здравството“, рече Микаел Кардинал, потпретседател на Unither Bioelectronics, биотехнолошката компанија што го овозможи летот. Тоа е подружница на американската компанија United Therapeutics со седиште во Квебек.

АФП пишува дека уредот без проблеми го прелетал преполниот центар на Торонто на автоматизиран начин, но под надзор на одговорни лица.

„Нашиот следен предизвик е да ја прилагодиме постоечката технологија за да може да им биде достапна на пациентите ширум светот“, рече др. Кешавџи, специјалист за трансплантација на бели дробови, се сеќава дека белите дробови се „најкревки од сите органи“ кога станува збор за складирање во посебен сад и транспорт.

Границата е време

Тој исто така објасни дека временските услови претставуваат најголемо ограничување за транспорт на органи.

Досегашното искуство сугерира дека постоечката технологија на беспилотни летала, која веќе се користи во некои земји за испорака на пакети купени преку Интернет, всушност може да се искористи за подобрување на постоечкиот систем за транспорт на органи и намалување на транспортните трошоци.

Во април 2019 година, бубрег беше слично транспортиран со дрон до пациент што чека трансплантација во болница во Мериленд, САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот