ВО КАМИОН НАЈДЕНИ 100 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА: Приведен 66-годишен маж од Валандовско

Во товарно моторно возило „даф”, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан”, со македонски регистарски ознаки, кое го управувал М.К.(66) од Јосифово, валандовско полицијата ноќеска пронашла и запленила околу 100 килограми марихуана.

Како што изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски, ноќеска околу 00.10 минути по полноќ на Граничниот премин „Табановце”, товарното вoзило било зпртено по добиени оперативни сознанија дека пренесува опојна дрога.

Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозовлена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле преглед и претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од околу 100 килограми.

Според овие информации, бил пронајден и еден пиштол „MAUSER” калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол.

Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, јавуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот