Во Каменица веќе никој нема да јаде на општинска сметка

Фото: mia.mk

Општина Македонска Каменица ги укинува трошоците за угостителски услуги. Средствата, како што информираа од Општината, ќе бидат наменети за поддршка за лицата со посебни потреби.

– Станува збор за комплетно укинување на трошоците за угостителски услуги на Општината, кои се во вкупен износ од околу 600.000 денари годишно. Сите овие средства, ќе бидат искористени за трансфери кон социјално ранлива категорија на граѓани, односно како поддршка за лица со посебни потреби, за што веќе се подготвува нов Правилник, истакнаа од Општината.

Оттаму додадоа дека направените трошоци за 2022 година ќе бидат исплатени, а ваква набавка во буџетот за 2023 година нема да постои.

– Исто така се разгледуваат можностите за кратење на сите непродуктивни трошоци и паралелно зголемување на средствата за социјални трансфери, додадоа од Општината.

Крајна цел, посочија, е да се минимизираат социјалните разлики и во континуитет да се зголемува поддршката за сите граѓани-жители на Македонска Каменица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот