Во каква убавица израсна ќерката на Кетрин Зита Џонс: Карис може да биде поголема убавица и од мајка ѝ! (ФОТО)
Кетрин Зита Џонс ретко објавува фотографии од своите деца на социјалните мрежи, а сега објави како изгледа нејзината ќерка Карис Даглас…
Славниот холивудски пар Кетрин Зита Џонс (50) и Мајкл Даглас (75) имаат две деца, ќерката Карис (17) и синот Дилан (19), а сега гордата мајка објави фотографија на социјалните мрежи и покажа како изгледа нејзината сакана ќерка, која порасна во вистинска убавица.
Карис Даглас повеќе не е мало девојче, а нејзината мајка Кетрин Зита Џонс објави фотографија од својата прекрасна ќерка до која напиша:
– Мојата девојка во дворот, напиша актерката во описот на фотографијата на која нејзината ќерка позира во бел летен фустан.
Фановите на славната актерка пишуваа дека 17-годишната девојка многу наликува на својата мајка и дека од неа ја наследила убавината.
Да се потсетиме, Кетрин и Мајкл се венчаа во 2000 година, а на краjот од оваа година славниот пар ќе прослави 20 годишнина од бракот, а актерката по тој повод неодамна коментираше:
– Зборуваа дека нема да траеме. Имам големи примери во своето и во семејството на Мајкл кога станува збор за браковите и многу го ценам тоа бидејќи низ годините гледав како нивната љубов цвета и како тие се почитуваат меѓусебно. Па така, навистина се 20, заклучи актерката.