Во Кабул при експлозија на бомба загинаа три лица

Фото: EPA-EFE/JAWAD JALALI

При експлозија на бомба подметната под автомобил утрово во Кабул загинаа три лица. Еден од загинатите е поранешниот телевизиски водител Јами Сиаваџ, а се уште не е познат идентитетот на двајцата негови сопатници.

Досега никој не презел одговорност за нападот.

Во изминатите месеви во Авганистан е зголемено насилството. Минатата недела при напад на Универзитетот во Кабул загинаа 22 лица, а на 24 октомври при напад на друга образовна институција во главниот град на Авганистан загинаа 24 луѓе. Одговорноста за тие два напада ја презеде Исламска држава.

Нападите се интензивирани додека во Катар се водат мировни договори помеѓу авганистанската Влада и талинаците за завршување на повеќедецениската војна во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот