Во Јувентус им е преку глава од себичлукот на Роналдо

epa08807449 Juventus' Cristiano Ronaldo in action during the Italian Serie A soccer match SS Lazio against FC Juventus at Olimpico Stadium in Rome, Italy, 08 November 2020. EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Добро познат податок на голем број С

Јувентус на вчерашното дерби против Лацио во Серија А ја имаше победата во џеб, но прими гол во последните секунди од натпреварот иако дилемите околу победникот можеа да бидат завршени многу порано.

Како еден од главните виновници зашто Јувентус не победи е посочен Кристијано Роналдо кој во неколку ситуации наместо да ја додаде топката до Кулушевски или Мората, тој сам ја завршуваше акцијата.
Никој од неговите соиграчи не смее ништо да му каже на Португалецот, а екипата без него на теренот не може да победи никого оваа сезона.

Но каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека тренерот Андреа Пирло е незадоволен од себичлукот на Роналдо, а првите јавни реакции ги имаше по победата над Ференцварош во Лигата на шампионите. Тогаш Пирло изјави дека неговите напаѓачи се себични.

Истата слика се повтори и на вчерашниот натпревар на „Олимпико“ во Рим кога Роналдо наместо помалку да размислува за својата гол статистика, требаше да размислува за тимската игра која ќе му донесеше победа на Јувентус.

Според „Спорт“, во Јувентус размислуваат за подмладување на екипата, како и за намалување на платите каде Роналдо е рекордер во Италија со 30 милиони евра него годишна плата и поради тоа се погласни се шпекулациите за разделба на крајот од сезоната.

Роналдо има договор со Јувентус до 2022 година, а минатогодинешните шпекулации дека ќе му биде понуден нов договор паднаа во вода со доаѓањето на клупската легенда Андреа Пирло на клупата кој смета дека Португалецот со својот егоизам ги гуши младите играчи и дека е потребна разделба на крајот од сезоната.

Како нова потенцијална дестинација за Кристијано Роналдо се споменува Париз и францускиот шампион ПСЖ кој идното лето најверојатно ќе мора да го продаде Килијан Мбапе и во Португалецот гледа идеална замена за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот