Во јуни забележан раст на угостителските услуги

Угостителски објект Фото Архива Слободен печат

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,6 отсто.

Цените на угостителските услуги во јуни годинава бележат зголемување од 0,2 отсто во однос на истиот месец претходната година. Според објавените податоци од Државниот завод за статистика зголемување од 0,4 отсто има и на индексот на цените на угостителските услуги во периодот јануари-јуни годинава во споредба со тој период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0,2 отсто и безалкохолни пијалаци за 1,4 отсто, додека во групата ноќевања е забележано намалување за 0,2 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,6 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4 отсто, додека во однос на декември 2019 година е зголемен за 0,4 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот