Во јуни граѓаните одвојувале повеќе пари за храна

За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 14.366 денари, а за подмирување на трошоците за домаќинство 10.422 денари велат од Сојузот на синдикати.

На едно четиричлено семејство во јуни му биле потребни 33.487 денари за да ги покрие основните животни трошоци.

Според податоците што ги објави Сојузот на синдикати за синдикалната минимална кошница покажуваат дека 42,90 проценти од синдикалната кошница отпаѓаат на храна и пијалоци, а 31,12 проценти на трошоците за домување. Тоа значи дека за храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 14.366 денари, а за подмирување на трошоците за домаќинство 10.422 денари.

Минималните трошоци за превоз биле 2.447 денари, а за хигиена 2.330 денари. За облека и обувки биле потребни минимум 2.144, а за културни активности остануваат 1.066 денари.

Во споредба со податоците за минималната синдикална кошница од април, во јуни биле потребни повеќе пари за храна и пијалоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот