Во Јунајтед на повидок судир помеѓу Солскјер и Фернандеш, најдобриот играч заминува во Шпанија?

EPA-EFE/MATTHEW CHILDS

Сè уште не престануваат шпекулациите за тоа што се случувало во соблекувалната на Манчестер јунајтед по поразот од Тотенхем, а медиумите тврдат дека авторитетот на Оле Гунар Солскјер е доведен во прашање.

Англиските медиуми не се откажуваат иако Бруно Фернандеш демантираше дека се искарал со соиграчите и менаџерот Солскјер по катастрофалниот пораз од Тотенхем, денеска тие тврдат дека Португалецот сака што побрзо да си замине од „Олд трафорд“.

Наводно, Фернандеш бил бесен што беше заменет против Тотенхем на полувремето и верува дека на одреден начин тој е искористен како алиби за поразот од 2:7.

Бруно Фернандеш во јануари годинава за сума од околу 55 милиони евра од Спортинг Лисабон се пресели во Манчестер јунајтед и буквално е негова заслуга што тимот обезбеди пласман во Лигата на шампионите постигнувајќи 14 гола.

Но, сезонава Португалецот не игра добро, а медиумите во Англија пишуваат дека влегол во отворена војна со Оле Гунар Солскјер. Фернандеш за португалските медиуми ги демантираше овие вести и изјави дека сакал да ја разбуди соблекувалната и дека немал никакви недоразбирања или кавга со менаџерот Солскјер.

Имав расправија со Линделоф, но не со тренерот. Заменет сум на полувремето, а тренерот ми рече дека натпреварот практично е завршен и дека мораме да се чуваме за остатокот од сезоната. Јасно е дека бев незадоволен што ме изнесе од игра, но никогаш не би направил нешто со кое би му наштетил на тимот – изјави Фернандеш.

Развојот на настаните во соблекувалната на „Олд трафорд“ внимателно го следат Реал Мадрид и Барселона кои се заинтересирани уште во зимскиот преоден рок да интервенираат и да испратат понуда доколку Фернандеш јавно изјави дека сака да си замине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот