Во Јунајтед го губат трпението со Санчо, неговата замена доаѓа од Бундеслигата

Доколку Џејдон Санчо не почне да прикажува подобри игри, ќе биде заменет со Дани Олмо/ фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Во Манчестер јунајтед полека го губат трпението со нивното најголемо летно засилување, Џејдон Санчо кој никако да почне да ги прикажува игрите поради кои клубот на Борусија Дортмунд и плати 85 милиони евра, и веќе почна да размислува за негова замена.

Управата и навивачите се загрижени поради игрите кои ги прикажува Санчо во дресот на Манчестер јунајтед, а на трибините се помалку се слуша „кога ќе проигра“, додека се погласни се зборовите „што се чека, кога ќе го заменат“.

Поради тоа, управата сериозно размислува во зимскиот преоден рок да донесе замена за Санчо, а изборот падна на Дани Олмо кој настапува за Лајпциг.

Не е тајна дека Олмо има голема желба да се врати во Барселона, клубот во кој почна да тренира фудбал, но проблем преставува лошата финансиска ситуација во каталонскиот тим. Долговите на Барселона изнесуваат 1.35 милијарди евра и прашање е дали ќе успеат да се договорат со Лајпциг да го намали обесштетувањето кое сега изнесува 75 милиони евра.

Доколку Барселона не успее да се договори со Лајпциг, тогаш Јунајтед без проблем ќе ја плати оваа сума и ќе ја поправи грешката од летниот преоден рок кога за 85 милиони евра го купи Џејдон Санчо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот