Во јули зголемена невработеноста во Велика Британија

Невработеноста во Велика Британија се зголеми за повеќе од четири проценти во јули, како резултат на економските последици од пандемијата, покажуваат официјалните податоци.

Процентот се искачи на 4,1 во трите месеци до крајот на јули од 3,9 отсто во претходниот квартал, според Службата за национална статистика.

Бројот на луѓе кои бараа надоместоци за невработеност во август беше 2,7 милиони, што е 120,8 проценти во споредба со март, кога Велика Британија беше блокирана поради вирусот. Во државата се затворени 695.000 работни места од март досега. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот