Во Јапонија бараат ново одложување на Летните Олимписки игри!

твитер

Повеќе од 80 проценти од луѓето во Јапонија, кои беа анкетирани во последните неколку дена, се изјаснија дека Олимписките игри во Токио треба повторно да бидат откажани или одложени или сметаат дека игрите воопшто нема да се одржат.

Анкетите беа спроведени од јапонската новинска агенција Кјодо и ТБС (Tokyo Broadcasting System). Резултатите од овие анкети се лоши вести за организаторите и Меѓународниот олимписки комитет кои пак веруваат дека одложените Олимписки игри ќе започнат на 23 јули 2021 година.

Токио се бори со се поголемиот број случаи со коронавируси кои ја натераа тамошната Влада да прогласи вонредна состојба минатата недела. И јапонскиот премиер, Јошихиде Суга е убеден дека Игрите ќе се одржат.

фото: твитер

Јапонија го контролираше вирусот релативно добро, но зголемувањето на случаите го зголеми скептицизмот во врска со потребата од Олимпијада и опасноста од потенцијално доведување на 15,000 олимписки и параолимписки спортисти во земјата, заедно со десетици илјади официјални лица, тренери, судии, спонзори, медиуми..

Во анкетата на ТБС е поставено прашањето дали може да се одржат Олимписките игри. Во телефонска анкета во која учествувале 1.261 лице, 81 процент од нив одговориле „не“, додека само 13 проценти одговориле „да“. Одговорите со „не“ се зголемија за 18 процентни поени во споредба со слична анкета во декември.

Во анкетата на Кјодо, 80,1 процент од анкетираните во телефонската анкета рекле дека Олимписките игри треба да бидат откажани или повторно одложени. На истото прашање во декември, 63 проценти од испитаниците беа за откажување или одложување на Игрите.

Кјодо изјави дека истражувањето опфатило 715 случајно избрани домаќинства со право на глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот