Во јануари за 83 отсто намален бројот на патници на аеродромите во Грција

Фото Архива на СП

Од 2,25 милиони патници на грчките аеродроми лани во месец јануари, една година подоцна за истиот период бројот се намалил на 383.463 патници, односно бележи пад од 83 отсто, според податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради рестрикциите и карантинот, за 93 отсто е намален бројот на патници од странство, од 617.814 во јануари 2020 година на 60.018 минатиот месец.

Намалување од 56.3 проценти е регистрирано во бројот на меѓународни и домашни летови.

– Големиот пад беше очекуван, бидејќи во јануари 2020 година не беа воведени рестриктивни мерки за патувањата и летови, бидејќи пандемијата во Грција започна на крајот на февруари 2020 година, соопштуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, презентирајќи ги податоците за минатиот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот