Во јануари има највисоки сметки, но и статистички најмногу откази од работа

Илустрација: Администрација / Фото: Архива на „Слободен печат“

Постпразничниот месец јануари е комплициран месец за економијата, како за работодавачите така и за вработените. Во принцип, во јануари компаниите почнуваат нови стратегии во работењето, а луѓето за време на празниците поминале доволно време на страна од работното место за да можат да размислат за својата иднина. Сѐ на сѐ, јануари е време за промени.

Според статистиките, во просек секој петти човек на почетокот од новата година бара нова работа. Експертите за човечки ресурси и работодавците сметаат дека овој тренд се должи на потребата од промени што симболично е и самиот почеток на календарската година.

Стивен Хемфрис, директор на компанија, вели дека желбата за остварување на нови цели ги тера луѓето да бараат нова работа во новата година, пренесува Блиц.

– Јануари е време кога луѓето си поставуваат нови цели и бараат промени. Бизнисот има голм удел во животот, па затоа првото нешто што тие одлучуваат да го променат е работата, вели Хемфрис.

Ник Кирк, извршен директор на друга компанија за регрутирање, вели дека луѓето имаат потреба од нов почеток.

– Во јануари се зголемува бројот на апликации за работа бидејќи луѓето се инспирирани за промени. Интересно е што средината на јануари е најпопуларно време за пријавување, а вторник е најчестиот ден, додава тој.

Фил Весткот, директор на оддел за ќовечки ресурси во компанијата, смета дека јануари е месецот кога луѓето се „будат“ од настаните од декември.

– Вообичаено во декември се случуваат драстични промени во односите, а потоа во јануари луѓето почнуваат да бараат нова работа како уште една промена во животот. На пример, повеќето раскинувања на емотивните врски се случуваат на почетокот на декември, вели тој.

Освен тоа, статистиката вели дека најмногу разводи се случуваат во првата недела од јануари. Без разлика на емотивниот статус, а особено по ваков бурен период, луѓето оддишка за поривот за промени наоѓаат во желбата за нов почеток, пренесува хрватскиот портал 24сата.

Јануари обично е време за покачување и унапредување на работа. Така, вработените кои мислат дека нема да добијат ништо од горенаведеното добиваат мотивација да бараат нова работа. Меги Олд, директорка на една компанија, се согласува со изјавата дека јануари е голем месец во календарите на компанијата.

– Многу компании планираат и големи деловни промени во новата година, а некои вработени не се гледаат себеси во тоа, па одлучуваат да дадат отказ, изјави Олд, пренесува Б92.

Ушште една причина за промена на работното место е депресивното расположение во јануари. Цел месец е сиво, деновите се темни и расположението генерално лошо. Менди Вотсон, извршната директорка на агенцијата за вработување, смета дека „мрачната страна“ на јануари може да игра улога во тоа луѓето да си побараат нова работа, пренесува Метро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот