Во израелска акција во Рамала ранети најмалку шестмина Палестинци

Израел бомбардирање во Газа/ Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Најмалку шест лица се примени во болница, од кои три со прострелни рани, откако израелските сили отвориле оган врз палестинските млади лица, кои врз нив фрлале камења за време на израелска операција во палестинскиот град Рамала, на окупираниот Западен Брег.

Сведок за британските медиуми кажа дека голем израелски воен конвој рано утринава пристигнал во центарот на Рамала, седиштето на палестинската Влада, што предизвикало стотици Палестинци да се соберат во ова подрачје.

Израелските сили, за кои се вели дека се во операција за уривање куќа во Рамала, истрелале боева муниција, шок-бомби и солзавец врз толпата палестински млади момчиња кои врз нив фрлале камења, изјави сведок, додека видеата објавени на социјалните мрежи, наводно, покажуваат како врз израелските сили се фрлани Молотови коктели.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека најмалку шест лица се префрлени во болница, од кои тројца се здобиле со прострелни рани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот