18 C
Скопје

Во изолација 78 ученици и деца од претшколска возраст во Штип

Во изолација ќе бидат 50 ученици од две штипски основни училишта, откако вчера беа потврдени позитивните тестови на нивните двајца наставници.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова истакна дека допрва ќе утврдуваат дали ќе се тестираат учениците. Инаку, од пред два дена во изолација заминаа и 28 деца од една штипска градинка, заедно со нивните две воспитувачки.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека од вчера е почната монтажа на централниот довод за кислород на новата модуларна болница.

– Инжињерите на фирмата која го доби тендерот од вчера почнаа со монтажата на централниот довод за кислород. Кога ќе биде се комплетно завршено ќе може да се стави во функција, со што дополнително се обезбедуваат 47 болнички кревети. Со отворањето на модуларната болница , капацитетот на Клиничката болница  за лекување на корона пациенти се зголемува  на 120. Во штипскиот Ковид центар денеска се хоспитализирани 43 пациенти, а едно лице на возараст од 72 години починало во болнички услови, додаде тој. 

Поврзани вести

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО| Менкиноски: Фамозната белешка на АНБ не е доказ во постапката против Јордан Камчев

ВИДЕО| Најмалку 40 мртви меѓу кои и деца во напад на училиште во Авганистан

Горан Наумовски

Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

МИА Агенција

ЕК нема да нарачува вакцини од АстраЗенека по јуни

МИА Агенција

Во Германија од денеска ослободување од мерките за вакцинираните

МИА Агенција

Остави Коментар