Во изминатото деноноќие двајца скопјани пронајдени мртви во својот дом

Полиција / Фото: МИА

Во последните 24 часа две лица на возраст од 43 и 44 години се пронајдени мртви во своите домови, соопштуваат од МВР.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, вчера во 12.50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без видливи траги на насилство во стан на ул.„Ташко Караџа“. Станува збор за С.А.(44) од Скопје. Од полицијата информираат дека извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Во вториот настан, вчера во 20 часот во СВР Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без траги на насилство во стан на ул.“Маџари“.

Се работи за И.Ј.(43) од Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот