Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани 23 пациенти

EPA-EFE
Ковид тест / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Вкупно 356 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 356 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на ОРЛ и на Институтот за ТБЦ. Двајца болни се примени на Клиниката за неврологија.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември” имало 13 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани пет болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.

Во моментот, на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 18 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести осум пациенти, а на ОРЛ седум болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 123 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.

Вкупно 356 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

-Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 128 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот