Во Италија жена готвела додека ѝ го оперирале туморот на мозокот

Intervento su cervello da sveglia su donna che prepara olive all'Ascolana agli Ospedali Riuniti Ancona

Доктор Трињани во последниве 5 години извршил околу 60 интервенции врз будни пациенти.

Една 60-годишна жена од Анкона денеска успеа да зготви омиленото јадење со маслинки за време на нејзината операција за отстранување на мозочен тумор.

Тоа го соопшти неврохирургот Роберто Трињани, кој ја оперираше на жената и кој додаде дека операцијата поминала добро, пренесува АНСА.

Туморот бил отстранет од левиот темпорален лобус на жената, област на мозокот што го контролира говорот и движењето на десната страна од телото.

Доктор Трињани во последниве 5 години извршил околу 60 интервенции врз будни пациенти, зошто методот подразбира да се надгледува пациентот додека му се работи врз мозочните функции за да може да се усклади интервенцијата со самиот пациент,

Спремањето на омилениот рецепт со маслинка е само последен во низата операции на овој хирург, кој операциите ги прилагодува кон делот од мозокот кој го оперира како и според индивидуалните навики на пациентите: свирење виолина или труба на пример. Во Анкона, еден пациент е опериран додека гледал цртани во операционата сала.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот