Во Италија задолжителна апликација за следење на заразените од ковид-19

Фото: Профимедиа

Здравствените установи во Италија од денеска се обврзани да ги вклучуваат лицата заразени со Ковид-19 на мобилната апликација „Имуни”, што овозможува следење на контактите на заразено лице, пишува весникот „Ил фато Котодијано”.

Ова е една од мерките во најновиот владин декрет за спречување на ширењето на инфекцијата со коронавирус.

Досега, апликацијата на апликацијата беше слободен избор на граѓаните.

Апликацијата е едноставна, сопственикот на мобилниот телефон ги добива информациите ако бил со лице кое е заразено, но без да го открие неговиот идентитет и може да го избрише од својот телефон во секое време.

Италијанската Влада ја обезбеди (нарача и плати) мобилната апликација во јуни, но бројот на луѓе кои ја ставаа на своите телефони беше мал.

Една од причините е што регионите, најчесто оние каде на власт се партиите на десниот центар, ја бојкотираа оваа мерка.

– Тие ја претворија здравствената мерка во инструмент за политика, рече заменик-министерот за здравство Сандра Зампа, која ги критикуваше и претседателите на регионите и италијанската јавна телевизија РАИ, за која рече дека не сторила доволно за мерката да биде попопуларна кај граѓаните.

На социјалните мрежи, во радио и телевизиските програми, граѓаните најчесто се жалат дека апликацијата ја загрозува нивната приватност, иако Владата и производителот дадоа гаранции дека тоа е исклучено.

(Извор:МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот