Во Италија вонредната состојба може да трае до јануари

Фото: EPA / Riccardo Antimiani

Италијанската Влада размислува за продолжување на вонредната состојба во услови на пандемија на коронавирус до 31 јануари, објавија „Ил Месагеро” и „Кориере дела Сера”.

Како што пренесуваат медиумите, сегашните мерки се очекува да бидат продолжени поради зголемениот број заразени со Ковид-19 на национално и глобално ниво.

Италија ја воведе шестмесечната национална вонредна состојба во јануари, а подоцна ја продолжи од јули до крајот на октомври.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте неодамна изјави дека земјата ќе се соочи со уште една блокада за да се ограничи пандемијата и дека владата ќе преземе други ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот